Радарска контрола во тетовско

Превезуваат патници како на трки - за 4 часа 15 казнети возачи кои вршат јавен превоз

Еден од казнетите возачи превезувал патници возејќи со речиси 200 километри на час по автопатот од Гостивар кон Скопје. Полицискиот радар за само четири часа регистрирал 15 автобуси, комбиња и други возила кои вршат превоз на патници, како ја пречекориле дозволената брзина.

МВР информира дека вчера во периодот од 6 до 10 часот на автопатот Гостивар – Тетово - Скопје и магистралата Гостивар-Кичево, полициски службеници на СВР Тетово спровеле засилена акциска контрола за брзина со која се движат автобуси, минибуси и патнички возила кои вршат јавен превоз на патници.

„При контролата, биле откриени и санкционирани вкупно 15 ваков вид возила, 10 со тетовски и пет со гостиварски таблички, кои ја пречекориле максимално дозволената брзина за оваа категорија учесници во сообраќајот. Едно од возилата се движело со 70 километри на час повеќе од дозволеното. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените санкции“, информира МВР.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе