Претреси во Скопје, приведени две лица осомничени за кражби

По претходно добиена судска наредба полицијата вчера изврши претрес во домот на Т.Б.(41) од Скопје, кој бил фатен и лишен од слобода веднаш по извршено кривично дело „кражба“ во трговски центар на подрачјето на Аеродром.

МВР соопшти и дека вчера со судска наредба извршен е претрес и во домот на Џ.П.(52) од Скопје, кој бил лишен од слобода по извршена кражба.

При претресот во домовите на двајцата сторители се пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, казниви по член 235 и 236 од Кривичниот законик, кои ќе бидат вратени на сопствениците.

По целосно расчистување и документирање на случајот против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе