При претресот пронајдени се пиштол марка „берета", пиштол марка „гризли", 20 куршуми калибар 6,35, сигнален пиштол со муниција за истиот и воздушна пушка, кои лицето ги поседувало без дозволи. Исто така, за време на претресот пронајдени се една грутка и една паковка со бела прашкаста материја и вага со остатоци од бела прашкаста материја.
Т.Ч. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО.