„На 25 февруари, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот и помошни простории на П.Б.(31) од Битола. При претресот биле пронајдени и одземени хероин, амфетамин, марихуана и семки од марихуана. П.Б. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.
- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 79НОВИ / 24h
- 1 од 14
- следно ›
- Контакт