Претрес кај скопјанец, во саксии произведувал марихуана и ја продавал

Кривична пријава против З.А.(38) од Скопје, поднесе СВР Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори".

Во текот на 2022 година пријавениот набавил семе за производство на марихуана и го засадил во саксии, по што произведената марихуана ја препродавал на корисници на подрачјето на град Скопје.

На 04.07.2022 бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе