Претепан до бесвест од роднини

Вчера во Тетово на ул.„Железничка", во подрумска просторија од куќата сопственост на М.Ј.(77), дошле тројца негови роднини, со кои ја делел куќата, и го нападнале.

Тројцата роднини околу 10.30 часот,  поради нерасчистени имотно правни односи веднаш физички го нападнале М.Ј., удирајќи го со раце и нозе во пределот на главата и телото, а едно од лицата со тврд предмет го удрил во пределот на телото, од што М.Ј. паднал во бесознание.

М.Ј. е пренесен во Клинички центар-Тетово, а во тетовската полиција се преземаа мерки за целосно расчистување на настанот.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе