Инцидент

Пресметка со нож меѓу двајца малолетници во автобус

Во автобус малолетникот од Моране со остар предмет му нанел повреди на малолетникот од Студеничани.

Во текот на вчерашниот ден околу 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус бр.67, кај Транспортен центар во Скопје, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца 17 - годишници од село Моране и од село Студеничани, скопско.

Според пријавеното, малолетникот од Моране со остар предмет му нанел повреди на малолетникот од Студеничани.

По настанот, повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош, а напаѓачот бил лишен од слобода и приведен во Полициска станица Аеродром.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе