Прегазил две девојки и избегал, подоцна сам се пријавил

Скопјанецот А.П.(48) вчера попладне со автомобил „БМВ“ удрил во пешаците А.З.(22) и С.Т.(21), двете од Скопје.

Несреќата, по која возачот го напуштил местото, се случила на бул.„Кочо Рацин“. Возачот подоцна сам се пријавил во полициска станица.

„Во незгодата, С.Т. се здобила со тешки телесни повреди, а А.З. се здобила со телесни повреди и биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје“, информираат од МВР.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе