Во скопско

Прегазено 13-годишно девојче

13-годишно девојче од скопското село Идризово се здобило со тешки телени повреди откако било удрено од „Форд фокус" управуван од 56-годишен скопјанец.

„На 19.03.2019 во 13.20 часот на крстосница од регионален пат Скопје-Велес и сервисна улица која води кон населба Нова Колонија патничко возило „Форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(56) од Скопје, удрило во 13-годишно девојче од село Идризово, скопско, кое се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот“, соопштија од полицијата.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе