Во Струга

Прегазен велосипедист

Вчера во 11.30 часот во населба Плитишта-Струга се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(65) од село Боровец, струшко, и велосипед управуван од М.К.(65) од Струга.

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.К. и бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга“, информираат од МВР.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе