Прегазен пешак во виничко

Прегазен пешак во виничко се здобил со тешки повреди, па откако бил пренесен во болница починал.

„На 02.10.2019 во 10.20 часот на локалниот пат село Јакимово-Виница, на влезот на просторот за паркирање на возила, патничко возило „шкода октавија“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(29) од село Лаки, виничко, удрило во пешакот М.Ј.(82) од село Грлјани, виничко. Во незгодата М.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кочани, а потоа во Клиничкиот центар Штип, каде околу 18.50 часот починал“ соопштуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Виница. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе