ОЈО Гостивар

Предлог за издавање казнен налог за уништување извршителски печат

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело , Симнување или оштетување на службен печат или знак од член 389 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, како што информираат од ОЈО, на 19 јули симнал службен печат од овластено службено лице – извршител за осигурување на моторно возило Мерцедес, попишано поради неплатен долг кон една банка.

„Печатот бил ставен на возилото по поднесено барање за извршување и пресуда од 2009 година од Основниот суд Гостивар. Јавниот обвинител предложи на обвинетиот за стореното да му биде изречена условна осуда со утврдена казна затвор од три месеци“, се вели во соопштението од ОЈО.

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе