ОЈО Битола

Предлог казна од 2.000 евра поради непочитување на наредба за домашна изолација

Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлог за издавање казна во висина од 2 000 евра против едно лице кое не ја почитувало наредбата за задолжителна домашна изолација.

„Обвинетиот со Решение на Државниот здравствен и санитарен инспекторат – Сектор за инспекциски надзор ПО Битола од 04.07.2020 година бил ставен под здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена од последниот контакт со лабораториски докажано лице заболено со заразна болест чиј причинител е коронавирусот. Но, тој не постапил согласно решението, па при проверка извршена од полициски службеници од СВР Битола на 08.07.2020 година не бил затекнат во неговиот дом во Битола“, се вели во соопштението од ОЈО.

Со предлогот на Судот му предложи да изрече парична казна за обвинетото лице во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во вредност од по 20 евра во денарска противвредност.

Лицето е обвинето дека го сторило кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе