Правобранителката на Куманово не го заштитила државниот имот и добила кривична пријава

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Ј. (49) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување".

Од 4 ноември 2016 до 17 април 2018 година, пријавената во својство на Државен правобранител за подрачје на Куманово, ја злоупотребила службената положба во врска со постапувањето по правосилно решение од нотар за пренесување на права во корист на Македонија како законски наследник. Имено, семејството на починатиот В.М., како сопственик на уделите и паричните влогови во правно лице од Куманово во износ од 308.000 денари и како содружник во правно лице од Куманово со вложени удели и парични влогови, во спроведена оставинска постапка, предметните удели и влогови ги остапиле на Македонија, заради натамошно постапување по налог за извршување на договор за заем од 700.000 денари на В.М. од страна на Р.И.. По ова, пријавената со допис не ги известила двете трговски друштва да постапат по законот за трговски друштва, односно на Собрание да донесат Одлука за отстапување на правата на починатиот на Македонија како наследник. Притоа, пријавената го известила само Централен регистер да ја изврши промената иако знаела дека со одлука треба да го спроведат и двете трговски друштва, со што овозможила едното правно лице да биде избришано од трговскиот Регистер, додека за другото правно лице да се отвори стечајна постапка, без право Р.И. да ги пријави своите побарувања како доверител, со што нанела штета на Македонија и Р.И..

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе