Пожарникари го ваделе шоферот од сообраќајката кај новата штипска обиколница

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на мини обиколницата близу Штип, кај новиот мост на реката Брегалница, во која тешко е повреден еден маж.

Командирот на смена во Територијалната противпожарна единица, Тони Ѓорѓиев за МИА изјави дека несреќата се случила во 20.45 часот и биле повикани од страна на полицијата да интервенираат во извлекување на повредениот возач. На терен излегле четворица пожарникари со едно возило.

Повредениот со возило на Брзата помош е пренесен во Клиничка болница Штип.

Според првичните информации, во несреќата учествувале две возила, а истражните органи треба да утврдат кои се причините за директниот судар меѓу нив. Во тек е увидот на местото на несреќата од истражните органи. 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе