Пожарникар претепан и тешко повреден од колега

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка телесна повреда", „насилство" и „загрозување на сигурноста", СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ј.К.(40) од охридското село Велгошти, вработен во протипожарната служба.

На Ј.К. од надлежниот суд му е одредена и мерка притвор во траење од 30 дена.

„Ј.К. на 9.1.2019 во просториите на Територијалната противпожарна единица во Охрид со дрвен предмет го нападнал Г.С.(54) од Охрид и му нанел тешки телесни повреди, по што Г.С. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Потоа, во друга просторија физички го нападнал пожарникарот Т.Т.(45), нанесувајќи му повреди. Откако го напуштил местото на настанот, Ј.К. се јавил на службениот телефон во противпожарната служба и упатил сериозни закани кон пожарникарот А.А.(56) од Охрид“, информираат од МВР.

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе