Пожарникар нападнат со мотика додека гаснел пожар

Во близина на патот Струмица-село Просениково вчера физички бил нападнат пожарникар, соопштија од ТППЕ Струмица.

Според командирот на струмичките пожарникари, Александар Гудев, пожарникарот бил нападнат со мотика при вршење на работните задачи, гаснење на пожар на запалена трева покрај патот за селото Просениково, и при тоа бил удрен по раката.

Нападот е пријавен во полицијата, а од ТППЕ Струмица потенцираат дека секој напад врз пожарникар-спасител за време на дожност се води како кривично дело, напад врз овластено лице од областа на безбедноста, за кое се предвидени затворски казни.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе