Пожари во демирхисарско и скопско

Во текот на вчерашниот ден пријавени се три пожари во земјава, од кои двата биле во демирхисарско, а едниот во скопско.

Вчера во 14.30 часот во Полициската станица Демир Хисар, од Територијалната противпожарна единица Демир Хисар било пријавено дека избувнал пожар во атар на село Прибилци во месноста викано “Кисела Вода“, при што биле опожарени 8,5 хектари сува трева и стрниште како и 1,5 хектари борова шума. Од екипи на Територијалната противпожарна единица Демир Хисар пожарот бил изгаснат.

Претходно во 12.20 часот во Полициската станица Демир Хисар било пријавено настанал пожар во нива во село Железнец во месност викана „Јасики“. Од екипи на Територијалната противпожарна единица Демир Хисар пожарот бил  изгаснат.

Утрината во 09.00 часот во СВР Скопје, пак, било пријавено дека избувнал пожар во близина на село Говрлево. Од екипи на Бригадата за противпожарна заштита-Скопје пожарот бил изгаснат.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе