„Околу 22 часот и 50 минути, на улица „Маршал Тито" во Тетово избувнал пожар во патничко моторно возило „БМВ" со странски регистарски ознаки, што го управувал 25-годишниот А.О од тетовско Желино. Нема повредени, а со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица за кусо време бил изгаснат, информира портпаролот на СВР Тетово“, Марјан Јосифоски.
По пожарот, увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.