Пожар во станбено-деловниот комплекс во Тетово

Пожар избувна вчера околу 22 часот на покривот од станбено-деловниот комплекс наречен Чешел на градскиот плоштад во Тетово, при што нема повредени лица. Пожарот избувнал на покривот од деловните канцеларии, а го изгаснале девет пожарникари со три возила.

Релативно брзо дојдовме на местото и успеавме да го изгасиме пожарот додека траеше на покривот од комплексот. За среќа, спречивме да навлезе во канцелариите и во становите, изјавил Ука Алити, командант на пожарникарите.

Од СВР Тетово инфомираат дека кај нив пожарот бил пријавен во 23.40 часот, а дека увид ќе се врши во текот на денот.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе