Пожар во стан во скопската населба Кисела Вода

Голем пожар избувна денеска во стан на петти кат на улицата „Народни Херои" во скопската општина Кисела Вода.

Пожарот го гаснеле 25 пожарникари со 10 возила, информираат од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

На терен се излезени екипите на брза помош и на полицијата.

Според најнови инфорамции направена е голема материјална штета а пожарот се проширил на другите станови од петтиот кат. Пожарникарите ги згрижија на безбедно децата од станот што се наоѓа над опожарениот со помош на скала.

Еден пожарникар е повреден при гасењето на пожарот, и со возило на итна медицинска помош итно е пренесен во најблиската болница. Заробени се и неколку лица во становите кои се наоѓаат околу опожарениот стан. Пожарот се уште беснее.

 

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе