Пожар во куќа во близина на Домот на градежници во Скопје

Пожар избувна изутринава во куќа во близина на Домот на градежници во центарот на Скопје, изјави за МИА, командантот на Територијалната противпожарна бригада на град Скопје, Владимир Симоновски.

„Во 8,37 часот е примена дојава за пожар во куќа во близина на Домот на градежници. Опожарени беа 20 квадратни метри во куќата. Пожарот го гаснеа 11 пожарникари со четири возила. Пожарот е изгаснат во 9,40 часот“, рече Симоновски.

Тој додаде дека во моментот кога избувнал пожарот куќата била празна. Засега не се познати причините за избувнувањето на пожарот.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе