Пожар во Гостивар - дете почина, жена се бори за живот

Едно дете почина, а една жена, во животно-загрозувачка состојба, е пренесена во гостиварската болница по пожарот што избувна во станбена зграда во Гостивар. Детето било најдено во безживотна состјба, а 35-годишната жена во тешка состојба и брзо биле пренесени со брза помош во градската општа болница. На ургентното одделение во болницата била констатирана смрт на детето, која наверојатно настанала од задушување.

Според очевидците и станарите, пожарот се појавил утрово пред 8 часот по што се раширил чад и станарите од зградата на улицата "Кеј Вардар" почнале да се евакуираат.

Дежурниот пожарникар Изет Изети изјави дека непосредно по пријавата за пожар на терен излегле со две возила и за половина час го локализирале огнот.

Првичните сознанија се дека огнот се појавил во една од собите на станот во кое престојувало повеќечлено семејство.

Според станарите, брзата интервенција спречила ширење на огнот и поголема штета.

Во тек е увид на екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител за да се утврдат причините кои довеле до трагичниот настан.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе