Пожар над скопска Пинтија, куќите на само 200-300 метри од пламенот (ФОТО)

Жители на скопската населба Пинтија се обратиле до Сител со фотографии од голем пожар кој попладнево избил над населбата.

Според фотографиите, во опасност се куќите кои се на само 200-300 метри од пламенот.

Гори сува трева и нискостеблеста шума.

На самото место се противпожарни екипи на Град Скопје и се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Во гаснењето на пожарот е вклучено и локалното население, а според нивни информации се чекало на екипа на МЕПСО да го исклучи далноводот за да може да се интервенира со канадери.

Извор: Сител телевизија

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе