Пожар кај железничката станица во Куманово (ФОТО)

Горат стари прагови кај железничката станица во Куманово. Пожарот избувна околу 17 часот, а во тек е интервенцијата на пожарникарите.

Запалени се стари прагови извадени при реконструкцијата на железничката пруга, оставени во близина на железничката станица.

На терен се три цистерни со 9 пожарникари, кои го гаснат огнот. Пожарот е веќе локализиран.

Од СВР Куманово информираат дека железничкиот сообраќај на пругата Куманово-Табановце е во прекин, jaви Кумановоњуз.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе