Повредено едно лице во угостителски објект во Мислешево

Едно лице е повредено при нарушување на јавниот ред и мир во угостителски објект во струшкото село Мислешево.

СВР Охрид соопшти дека вчера во 16 часот, 37- годишниот А.Ф. од Струга најпрво ја скршил фискалната каса во угостителскиот објект, а потоа чашите и другите предмети што биле поставени на шанкот.

Притоа, со телесни повреди се здобил Т.Л. ( 51 ) од Струга. По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга против А.Ф. ќе поднесе соодветна пријава, стои во информацијата на СВР Охрид.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе