Повредени две лица во судар на воз и автомобил во кумановско Романовце

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила денеска попладне во кумановското село Романовце, соопштија oд СВР Куманово и општата болница.

Сообраќајката во кумановската полиција била пријавена во 12:48 часот и во неа учествувале воз и патничко моторно возилo, велатт од СВР Куманово.

Директорката на болницата Снежана Захариева информира дека двајца пациенти биле примени во болницата и по пружената помош се префрлени на скопските клиники.

„Двајцата пациенти се во стабилна состојба“, изјави Захариева.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе