Во Тетово

Повредени две десетгодишни деца-пешаци

Две 10-годишни деца се повредени откако вчера околу 13.00 часот биле удрени од патничко возило„Киа" со тетовски регистарски таблици што го управувал Ј. С.(52) од тетовска Голема Речица, по што тој веднаш го напуштил местото на несреќата, информираа од СВР Тетово.

Инцидентот се случил на улицата „168“ во Тетово додека децата оделе пешки по што со друго возило биле пренесени во тетовската Клиничка болница.

По кусо време возилото што ги удрило било пронајдено и обезбедено од страна на полицијата, на местото бил извршен увид и се работи на расчистување на случајот, посочија од СВР Тетово.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе