Повредени двајца полицајци во сообраќајка во Неготино

Вечерва се повредени двајца полицајци во сообраќајна несреќа во Неготино, потврди за МИА портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Тој појасни дека сообраќајката се случила на раскрсницата помеѓу улиците „Марксова" и „Фемо Кулаков", на Тимјанички пат. Во сообраќајната незгода дошло до судир помеѓу две патнички моторни возила, со неготински регистарски ознаки, „Ауди", сопственост на Министерството за внатрешни работи, во кое патувале полициските службеници од ОВР Неготино и „мерцедес", управуван од неготинец.

Самарџиев рече дека полицајците се здобиле со лесни телесни повреди. Бил извршен увид на лице место, од страна на припадници на неготинската полиција.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе