Во Скопје

Повредени 11 лица во девет сообраќајки

Еден сопатник е тешко повреден, а 10 се полесно повредени во девет сообраќајни незгоди што се случиле на подрачјето на Град Скопје во изминатото деноноќие. Во истиот период се случиле и седум сообраќајки во кои е причинета материјална штета.

Во изминатите 24 часа санкционирани се 30 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, тројца под дејство на алкохол, петтмина пред да се стекнат со возачка дозвола и еден возач почетник. Од сообраќај се исклучени и три нерегистрирани возила.

Сообраќајната полиција издала 59 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 79 возила.

Според билтенот на СВР Скопје, во изминатото деноноќие седум возачи користеле мобилен телефон додека возеле, а двајца не носеле сигурносен појас.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе