Повредена сопатничка во сообраќајка во Скопје

Две лица, од кои едно потешко, а едно полесно, се повредени во сообраќајка што се случила што се случила вчера на бул. „Никола Карев“ во Скопје.

„Вчера во 10.20 часот било пријавено дека на бул.‘Никола Карев‘, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило ‘фолксваген голф‘ со скопски регистарски ознаки управувано од  М.Д.(36) од Скопје и патничко моторно возило ‘фолксваген голф‘ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.П.Ј.(37) од с.Речица-кумановско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.С.(35) од Скопје сопатничка од скопскиот ‘голф‘, по што била пренесена во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза‘ за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди се здобил М.Д. и бил пренесен во Градската општа болница ‘8-ми Септември‘ за укажување на лекарска помош“, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Скопје.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе