Повреден вработен во обезбедувањето на Макошпед

Вчеравечер околу 19.40 часот Д.Т. (43) од Скопје вработен во агенција за обезбедување пријавил во полицијата дека бил повреден додека бил на работно место во кругот на „Макошпед".

Додека Д.Т. бил на работно место во кругот на „Макошпед“, забележал четири непознати лица.

Четирите непознати лица кои биле со автомобил без регистарски броеви му биле сомнителни,  и бидејќи лицата биле на место каде не смееле да се задржуваат истиот им рекол да се оддалечат.

Откако се оддалечиле, повторно се вратиле со возилото и со истото го удриле Д.Т. по што го напуштиле местото на настанот.

Од ударот и падот Д.Т.  се здобил со телесни повреди и со возило на итна медицинска помош бил пренесен на лекарски преглед во ГОБ “8 Септември“, по што бил пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе