Повреден возач на македонски автобус во сообраќајка во Австрија

Возач на автобус од Македонија е повреден во сообраќајна несреќа при судир со автомобил што се случила синоќа околу 22 часот во близина на Шлиeрбах, Австрија.

Станува збор за автобус на македонскиот превозник „Насир Турс“ кој сообраќал од Хамбург за Македонија. За МИА од „Насир Турс“ потврдија дека 40-годишниот возач се здобил со повреди и е пренесен во австриска болница. Во моментот на несреќата во автобусот се превезувале 28 патници, кои не се повредени и го продолжиле патот со друг автобус. 

Во сообраќајната несреќа покрај автобусот учествувале уште три возила. 

Според локалните медиуми, во сообраќајката загинал сопатникот во автомобилот 25-годишен маж, возачот на автомобилот е тешко повреден, а полесно се повредени уште три лица. 

Според првичните сознанија на полицијата, до несреќата дошло кога автомобилот преминал на спротивната коловизмана лента и директно се судрил со автобусот, пренесе МИА.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе