Повреден штипјанец починал на пат кон скопските клиники

Вчера на пристапниот пат во близина на асфалтната база на место викано „Ежово Брдо“, се повредил при извршување на работни задачи Г.М.(50) од Штип, додека управувал товарно возило „мерцедес бенз“, со штипски регистарски ознаки.

Тој бил пренесен во Клинички центар Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, а потоа транспортиран кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, при што починал при транспортот.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе