Во Куманово

Повреден пешак, возачот што го удрил избегал

Вчеравечер околу 20.10 часот во Куманово на улица „Тоде Мендол" непознато лице управувајќи патничко моторно возило „Голф" со непознати регистарски ознаки удрило во пешакот А.И.(48) од Куманово, по што непознатото лице со возилото го напуштило местото на настанот.

По незгодата пешакот А.И. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Медицински центар Куманово, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот, се  преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и возилото.

Брисел не мора да има шпион во Кремљ за да дознае дека Москва ќе стори сè што може за да ја спречи Македонија да се приклучи во НАТО - не поради нејзиното стратегиско значење, туку поради симболичната вредност на потегот, вели политичкиот експерт Иван Крастев за Гардијан.

повеќе

Македонија не е единствената жртва на ваквото здодевно силеџиство на Грција. Грчката влада се расправа и со Албанија и со Турција, вели принцот Мајкл од Лихтенштајн.

повеќе

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе