Повреден мотоциклист во сообраќајка во Велес

Синоќа во Велес се случила сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил во која потешко е повреден 43-годишниот мотоциклист, информира МВР.

„Синоќа во Велес на крстосницата од ул.‘Алексо Демниевски‘, ул.‘Вардарска‘ и ул.‘Наум Наумовски‘ се случила сообраќајна  несреќа помеѓу мотоцикл ‘пијаџо беверли‘ со велешки регистарски ознаки, управуван од Н.Б.(43) од Велес и патничко моторно возило ‘шевролет круз‘ со германски национални ознаки, управувано од Д.Н.(49) од Германија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница во Велес“, пишува во полицискиот билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе