Повреден маж во во сообраќајна несреќа на патот Кавадарци-Неготино

Еден човек е тешко повреде во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на патот Кавадарци-Неготино, на местото викано „Маренски уши“.

Несреќата се случила помеѓу товарно возило „цитроен“ управувано од Н.Т.(53) од Битола и запрежно возило, управувано од Д.В.(67) од Неготино.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.В. и бил пренесен во Општата болница во Кавадарци за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кавадарци.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе