Повреден малолетник, физички напади, агресивно однесување кон полицајци...

Во полиција вчера и денес се пријавени неколку физички напади во неколку градови во државата и за нивно расчистување се преземаат мерки, информира МВР.

Фото: Пиксабеј

Ноќеска еден часот по полноќ на ул.„Ѓуро Ѓаковиќ“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ј.В.(25) од Струмица затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Речиси исто време, на ул.„29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.К.(29), Г.К.(18) и Н.К.(37), сите од Тетово, затоа што физички го нападнале Џ.М. од Тетово.

М.М.(44) од с.Дражево, струмичко синоќа во Полициското одделение Ново Село, пријавил дека околу 22.00 часот пред спортска обложувалница во Ново Село бил физички нападнат од едно лице.

С.К.(42) од Скопје синоќа во полиција пријавил дека пред неговиот дом на ул.„Нов Живот“, М.Ј.(28) од Скопје со остар предмет го нападнал неговиот малолетен син и му нанел повреда. Според пријавеното, неговите роднини М.К.(21) и М.С.(42), кои биле во близина, со тврди предмети го нападнале М.Ј..

М.В.(59) од Скопје, пак, вчера пријавил дека на ул.„Скупи“ бил физички нападнат од едно лице поради недоразбирање во сообраќајот.

Полицијата презема мерка за расчистување на сите случаи.

 

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе