Повреден инспектор за животна средина

Вчера околу 16 часот во полициската станица во Куманово било пријавено дека на граничниот премин железничка станица Табановце инспекторот по животна средина Б.З. (43) од село Слупчане, општина Липково, добил тешки телесни повреди при струен удар.

Б.З. вршел преглед на теретен воз кој сообраќал на релација Унгарија–Грција, кој бил во композиција од 15 вагони. Се качил на вагон-цистерна од која истекувало натриумхиперхлорид и во еден момент најверојатно ги допрел жиците со струја со висок напон, при што дошло до струен удар, а тој бил отфрлен од цистерната и паднал на земја.

Б.З. добил изгореници по целото тело и со екипа на Итна медицинска помош бил префрлен во  комплексот клиники „Мајка тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР Куманово и инспектор за заштита и здравје при работа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе