Повреден 18-годишен возач, удрил во три паркирани возила

Возач е повреден и пренесен во Ургентен центар Куманово во сообраќајната несреќа што се случи попладнево во кумановско Бедиње, откако возилото со кое управувал изгубило контрола и удрило во три паркирани возила, потврди СВР Куманово. Сообраќајната несреќа се случила помеѓу едно патничко возило и три паркирани возила денеска околу 17 часот на улицата „11 Ноември" во Куманово.

 „Возачот С.И.(18) од село Опае кој управувал патничко моторно возило „Опел Зафира" со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола на возилото и удрил во три паркирани возила. По незгодата возачот С.И. бил пренесен во Ургентен Центар, Куманово, а по укажаната лекарска помош му биле констатирани телесни повреди“, соопштија од СВР Куманово.

Кумановската полиција извршила увид на местото на несреќата.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе