Во Тетово

Повреден 12-годишен велосипедист откако во него удрило „ауди“

Вчера околу 16 часот на улицата „Радован Цониќ" во Тетово се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „Ауди А 4" со тетовски регистерски таблици, управувано од 44-годишниот тетовец М.И. и велосипед „Макс", што го управувало 12-годишно лице, исто така, од Тетово, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Повредениот велосипедист е пренесен во тетовската клиничка болница за укажување лекарска помош. Извршен е увид и се утврдува причината за несреќата и околностите како таа се случила.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе