НА АВТОПАТОТ ВО ИЗГРАДБА КИЧЕВО-ОХРИД

Повредени работници при кревање на кран со дигалка

Вчера во 11.30 часот во полициска станица Кичево, од Медицински центар Кичево пријавено е дека кај нив биле донесени повредени лицата И.М.(41) од с.Митрашинци-Берово и М.С.(61) од Делчево.

И.М.бил со тешки телесни повреди-фрактура на лева нога кај скочниот зглоб додека  М.С. бил  со тешки телесни повреди фрактури на двете нозе, Двајцата повредени се работници од ГП-Гранит, кои работеле на автопатот во изградба Кичево-Охрид во атар на село Пополжани.

Тие по укажаната лекарска помош и поради сериозноста на повредите се префрлени во Болницата Св.Еразмо-Охрид.

Од извршениот увид, велат од МВР, утврдено е дека настанот се случил при кревање на кран со дигалка во еден момент дигалката изгубила рамнотежа и се превртела, при што повредените лица кои ја управувале дигалката скокнале од работната кабина на дигалката и се здобиле со повредите.

Увид на лице место извршила екипа од полициска станица Кичево.

 

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе