Спроти Зелен пазар

Повозрасна жена се повредила откако паднала симнувајќи се од автобус

Осумдесетгодишна жена од Скопје се здобила со повреди откако паднала при симнување од автобус. Во СВР-Скопје вчера во 15:30 часот било пријавено дека на улицата „11 Октомври", спроти Зелен пазар, Ѓ.Ј.(80) од Скопје паднала додека се симнувала од автобус на ЈСП, управуван од Ж.К.(58) од Скопје.

Според пријавата на Ѓ.Ј., автобусот тргнал додека таа се симнувала. На Ѓ.Ј. и била укажана помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски", каде и биле констатирани повреди и по укажаната помош била пуштена на домашно лекување.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе