Повикале дека краде, тој скокнал од трговски центар, сега е во болница

МВР соопшти дека малолетно момче на 16-годишна возраст е во болница со тешки повреди откако скокнал од трговски центар во скопската населба Гази Баба. Претходно, според вработени и обезбедувањето, бил виден во кражба.

МВР соопшти дека вчера во 17,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во трговски центар на подрачје на Гази Баба, 16-годишник од селото Буковиќ, скопско, кој бил забележан од вработените и обезбедувањето на трговскиот центар дека извршил кривично дело „кражба", при обид за бегство, како што е пријавено, скокнал од височина и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди кои му биле констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза".

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе