Ноќеска во 03.30 часот на подрачјето на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода А.Ц.(28) и А.А.(31) двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја.
Марихуана била пронајдена и кај Д.Д.(34) од Скопје, кој бил проведен синоќа во 20.35 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.
Исто така синоќа на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода С.А.(22) од Скопје, кај кого била пронајдена марихуана. Во, Скопје на подрачјето на Аеродром за марихуана полицијата го привела и М.К.(25) од Скопје, а на подрачјето на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Џ.Ј.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.
Марихуана и ризла била пронајдена и кај М.Н.(23) и Ј.Н.(26) двајцата од Скопје, кои биле приведени од полицијата на подрачјето на Чаир.