Сообраќајна контрола во Скопје

Повеќе од 50 возачи управувале автомобили со брзина над дозволената

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 16 март, 2019 година во периодот од 06.00 до 22.00 часот спроведе акциска контрола за откривање возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. 

Притоа, констатирано е дека 56 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило. Откриени се и 51 останати прекршоци. Издадени се вкупно 75 мандатни платни налози и 20 прекршочни платни налози, а 12 возачи се писмено опоменати.

Со специјално возило „пајак" се подигнати 58 возила кои биле непрописно паркирани во централното градско подрачје.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе