Поведена постапка за непочитување на здравствените прописи во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлог за издавање казнен налог против три лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија" од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, двајца сопружници од Битола на возраст од 43 и 40 години, заедно со нивното малолетно дете на возраст од 17 години и уште едно лице од Скопје на возраст од 18 години со престојувалиште во Битола на иста адреса со семејството, биле должни во периодот од 14.03.2020 до 28.03.2020 година да бидат во домашна самоизолација и да не го напуштаат своето живеалиште/престојувалиште, бидејќи допатувале од Италија преку Грција, информираат од Јавното обвинителство.

Но, тие не постапиле според прописите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на епидемија на заразната болест предизвикана од коронавирус Ковид-19 и на 19.03.2020 година го напуштиле домот.

Надлежниот јавен обвинител му предложил на Основниот суд Битола на трите полнолетни лица да им определи парична казна во висина од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од 40 евра.

За малолетното дете, пак, до судијата за деца при Основниот суд Битола е поднесено Барање за поведување подготвителна постапка.

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе