Поранешниот селектор и тренер, Србиновски повреден во тешка сообраќајна несреќа

Поранешниот селектор и актуелен тренер на Гостивар, Марјан Србиноски се наоѓа во болница во Тетово откако заработи тешки телесни повреди во сообраќајна незгода која се случила на автопатот Гостивар – Тетово.

Oд МВР ја потврдија сообраќајката.

„На 16.06.2019 година во 04.00 часот на автопатот Гостивар – Тетово, кај клучката Жеровјане, патничко возило „Фолксваген Пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.С.(44) од Гостивар, излетало од патот и удрило во бандера за улично осветлување. Во незгодата со повреди се здобил возачот М.С. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово“, велат од МВР.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе