МВР

Поранешниот градоначалник на Василево осомничен за злоупотреба на службената положба

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство во градот поднесе кривична пријава против В.С. (51), поранешен градоначалник на општина Василево и В.М. (51) од Струмица.

Како што соопшти портпаролот на СВР Струмица Хризантема Рендевска, првопријавениот како градоначалник, искористувајќи ја својата службена положба со пречекорување на границите на своето овластување, постапил спротивно на Законот за постапување со бесправно изградени објекти на штета на буџетот на општина Василево. Според Рендевска, В.С. спротивно на законот извршил легализација, односно пренос на правото за легализација на објект на Ветеринарна станица Струмица изграден во 1959 година во село Василево. За него општината поднела барање за легализација без никаков правен однос и истото право го пренесува на второпријавеното правно лице заради здобивање одредена корист.

„На тој начин му овозможил на второпријавеното правно лице да здобие противправна имотна корист и во текот на 2015 година да изврши легализација на објект, за кој поднел барање за легализација од 2011 година, а третопријавениот како управител на правното лице, подоцна, со договор за купопродажба да го продаде на политичка партија", рече портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска. Полицијата ги сомничи пријавените дека ги сториле кривичните дела „Злоупотреба на службена положба и овластување", а оти правното лице и одговорното лице во правното лице сториле кривично дело „Употреба на исправа со невистинита содржина".
                                                                                                                                МИА

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе