Поранешниот градоначалник на Чашка обвинет дека ја оштетил општината над 9 милиони денари

Основното јавно обвинителство Велес до надлежниот суд поднесе обвинителен акт против поранешен градоначалник на Општина Чашка за продолжено кривично дело „несовесно работење во службата“. На обвинетиот му се става на товар дека како службено лице, градоначалник на општината Чашка во периодот од јануари 2016 до октомври 2017 година, во повеќе наврати, искористувајќи исти прилики и ист траен однос, очигледно несовесно постапувал во вршењето на своите овластувања, соопштија денеска од Јавно обвинителство. 

Во соопштението се појаснува дека согласно одредбите од член 50 став 1 точка 15 од Законот за локалната самоуправа тој бил должен да обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на Општината. Но, се подвлекува, притоа обвинетиот презел дејствија со кои на Општината и нанел штета од значителна вредност, во вкупен износ од 9.472.903 денари.

„Обвинетиот одобрувал исплата на фактури за завршена услуга и за набавени производи од повеќе правни лица со кои не бил склучен ниту договор за јавна набавка, ниту договор за деловна соработка или каков било друг договор. Освен ова, тој одобрувал исплата на фактури за набавка на стоки и услуги кон определени правни лица и по истекот на склучените договори за јавна набавка и во износи поголеми од предвидените во договорите“, стои во соопштението.

Иако не донел одлука за потребата за ангажирање на лице – советник за односи со јавноста, во името на Општина Чашка, наведуваат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, склучил договори за дело со две лица, застапувани од авторска агенција и врз основа на тие договори одобрил исплата на хонорари.

Се посочува дека и иако не донел одлука за потребата од ангажман на извршители на маркетинг услуги, без да спроведе постапка за јавна набавка, во името на Општината склучил договор за деловна соработка како нарачател на маркетинг услуга чиј предмет било медиумско претставување на Општина Чашка преку разновидни рекламни материјали, а потоа одобрил исплата на фактури по овој договор.

„Обвинетиот, во името на Општината, како нарачател на адвокатски услуги, склучил договори со адвокат за застапување и давање адвокатски услуги и со полномошно го овластил адвокатот за застапување на општината во сите судски предмети и пред сите институции со кои општината соработува и остварува контакти. Во договорот за сите застапувања и правни совети била предвидена цена во паушален месечен износ. Иако во договорот бил предвиден и начин на плаќање со доставување фактура и одложено плаќање по извршување на правната услуга во целост, односно во рок од 30 дена по извршената адвокатска услуга во целост, обвинетиот одобрил исплата на доставени фактури без да бидат проследени со доказ за извршената услуга“, стои во соопштението.

Освен ова, по спроведена постапка за јавна набавка и склучен договор за јавна набавка на услуга – мобилни телекомуникациски услуги, обвинетиот донел и решение за користење на службени мобилни телефони на вработени лица во единицата за локална самоуправа Чашка, при што биле распределени 74 мобилни телефони со СИМ картички, од кои на име градоначалник на Општина биле распределени 20 телефони и броеви

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе